Politicians and Election, Vote in Freedom, Actively Participate in Democracy, Vote for Change, Online referendum
Ljube Boškoski

Партијата на Љубе Бошкоски со промоција во Охрид

Ljube Boškoski 46%

 

   

 

Партија Обединети за Македонија ќе има своја промоција на програмската платформа и во Охрид. Промоцијата е закажана за недела, 28 март , со почеток во 18 часот, а ќе се одржи во просториите на Центарот за култура "Глигор Прличев". Според најавите, на промоцијата ќе говори лидерот на партијата Љубе Бошкоски.

 

Партијата Обединети за Македонија беше основана на 29 мај во 2009 година и според партиската програма, нејзини основни начела на делување на македонската политичка сцена се залагање за демократски развој и социјален просперитет на Република Македонија, пазарно стопанство и приватна сопственост, како темелни основи на економскиот систем, почитување на правата на етничките малцинства, зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО и обезбедување на економска и социјална сигурност за сите граѓани. Партијата Обединети за Македонија се класифицира во партија која е строго десо ориентирана.

 

 

 

26 март 2010

Извор: Радио Лав

11.09.2010


alexasa -
Flag it!no spam

ElectionsMeter is not responsible for the content of the text. Please refer always to the author. Every text published on ElectionsMeter should include original name of the author and reference to the original source. Users are obliged to follow notice of copyright infringement. Please read carefully policy of the site.

 
load menu