Politicians and Election, Vote in Freedom, Actively Participate in Democracy, Vote for Change, Online referendum
Ljube Boškoski

Љубе Бошкоски реизбран за претседател на Обединети за Макед.

Ljube Boškoski 46%

 

Не сме никаква трета, туку единствената опција за Република Македонија. Ова е пораката која денеска беше испратена од првиот конгрес на Обединети за Македонија, што се одржа во Струмица. Петстотини и педесет делегати со акламација за претседател на партијата, го избраа Љубе Бошковски. Тој е загрижен на несериозниот однос на власта кон сериозните теми, од кој зависат сегашноста и иднината на граѓаните на Македонија. Го обвини раководството на ВМРО-ДПМНЕ, дека со месеци водело хајка против него. „Меѓутоа Обединети за Македонија ја покажаа својата цврстина, со својата јасна визија за решавање на проблемите, денес ние станавме латентна опасност за власта, но и единствена надеж за граѓаните на Република Македонија“, рече Љубе Бошковски, претседател на Обединети за Македонија. Обединети за Македонија според Бошковски имаат јасна програма за излез од економската, политичката и моралната криза. „Единствено ние може да ги донесеме суштинските промени и вистинската преродба, враќајќи им го угледот и достоинството на граѓаните и на државата, Република Македонија“, додаде Бошковски. На конгресот присуствуваа претставници на СДСМ, Либералната партија и ДПА и на амбасадите на Х. ватска и Бугарија. Преку телеграми поздрави стасаа од македонците и нивните здруженија од дијаспората.

 

 

02.05.2010

Сузана Тасева

Извор: www.a1.com.mk 

11.09.2010


alexasa -
Flag it!no spam

ElectionsMeter is not responsible for the content of the text. Please refer always to the author. Every text published on ElectionsMeter should include original name of the author and reference to the original source. Users are obliged to follow notice of copyright infringement. Please read carefully policy of the site.

 
load menu