Politicians and Election, Vote in Freedom, Actively Participate in Democracy, Vote for Change, Online referendum
Ljube Boškoski

Љубе Бошкоски бара предвремени избори

Ljube Boškoski 46%

 

 

Лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, вчера побара распишување на предвремени парламентарни избори, бидејќи сегашната власт води погрешна политика. „Од она што ние го увидовме презентирајќи ја нашата политичка платформа меѓу граѓаните, е дека ваквата состојба не треба да продолжи. Нешто треба да се менува, а тоа е да се смени оваа владина гарнитура, бидејќи во Македонија се' полошо се живее. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, демократија имаме се' помалку, а инвестициите кои помпезно се најавуваа овие четири години, никако да дојдат“, рече Бошкоски. Тој дирекно ја обвини власта дека ги лажира анкетите со цел да се врши притисок врз граѓаните и да се прикаже што поголема поддршка за Груевски. „Од нашите членови дознавме дека сите носители на раководни функции, министри и месни заедници се мобилизирани и вршат притисок врз граѓаните за да се даде огромна поддршка на политиката на Груевски. Резултатите од анкетата што би требало да излезе деновиве, треба да прикажат три спрема еден во однос на реалната состојба“, тврди Бошкоски. Премиерот вчера не сакаше да ги коментира барањата и обвинувањата на Бошкоски. Неофицијално, по последните анкети, кои бележат пад на рејтингот на премиерот Груевски и на неговата ВМРО-ДПМНЕ, лидерот ги покренува сите можни механизми за вештачко враќање на високата доверба кај граѓаните. Во таа насока, наводно, претставници од владејачката партија директно стапуваат во контакт со анкетарите, нудејќи им најразлични предлози, а многу семејства имале и директни повици од општинските централи на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа им биле посочувани имиња на нивни блиски што работат во државни. е институции, со конкретно укажување дека мора да бидат претпазливи при одговорите на анкетите што следуваат.

 

 

09 јануари 2010

Извор: Utrinski Vesnik

11.09.2010


alexasa -
Flag it!no spam

ElectionsMeter is not responsible for the content of the text. Please refer always to the author. Every text published on ElectionsMeter should include original name of the author and reference to the original source. Users are obliged to follow notice of copyright infringement. Please read carefully policy of the site.

 
load menu