Politicians and Election, Vote in Freedom, Actively Participate in Democracy, Vote for Change, Online referendum
Gjorgje Ivanov

Ѓорге Иванов осуден од австралискиот премиер за крадење...

Gjorgje Ivanov 49%

... на грчка историја 

 

  

 

Пратениците во федералниот австралиски парламент ја осудија изјавата на премерот на Јужна Австралија, Мајк Ран, во која тој го обвинува македонскиот претседател дека поттикнува проблеми на опасен начин и се обидува да ја украде грчката историја и култура. По средбата на амбасадорот Стојановски и конзулот Ќосевски со пратеникот Лук Симпкинс, изјава е оквалификувана како обид за придобивање на грчките гласови.

 

- Да се инволвираш во македонското прашање со една единствена цел добивање гласови на претстојните избори и да поттикнуваш непријателство меѓу заедниците е крајно неодговорно бидејќи се навредуваат нивните чувства што може да предизвика опасни расни поделби - рекол Симпкинс во своето излагање пред австралискиот Парламент.

 

Пратеникот потенцирал дека е можно да биде покрената и правна постапка против премиерот на Јужна Австралија. Симпкинс, порачал дека спорот е сериозен и не може да се реши со политички мотивиран говор, туку треба да се остават двете страни да го решат проблемот. Говорот на Ран е осуден и од медиумите во Австралија, кој пишуваат дека говорот одржан на грчки фестивал може да предизвика голем дипломатски инцидент. Говорот, премиерот Мајк Ран го одржал минатиот ноември, но снимките од истиот беа објавени пред неколку дена. Особено, како сериозно погрешен е сфатен неговиот говор поради фактот што само во Јужна Австралија живеат 3.000 Македонци, а на целиот континент околу 84.000.

 

Осудата е посилна и поради лошиот момент, кога австралискиот премиер ја бара поддршката од Македонија за непостојано членство во Советот за безбедност на ОН. Денеска австралиските власти, како гест на извинување организираат и форум за унапредување на однос. те помеѓу Македонија и Австралија.

 

 

Иван Кузмановски

10.02.2010

Извор: www.sitel.com.mk

11. 09.2010


alexasa -
Flag it!no spam

ElectionsMeter is not responsible for the content of the text. Please refer always to the author. Every text published on ElectionsMeter should include original name of the author and reference to the original source. Users are obliged to follow notice of copyright infringement. Please read carefully policy of the site.

Back to poll: > Macedonia > Politicians > Gjorgje Ivanov
 
load menu